Испрати ново Најнови Популарни ЧПП
Често поставувани прашања
Што е Жаргон, за што служи?
Жаргон е речник на македонски сленг. Идејата е да биде централизирано место за термини и фрази кои не се дел од македонскиот литературен јазик.
Шо идејата, идејата ти е собрана од Урбан Дикшнери!
Па да, очигледно е...
А, кој ги смислуе овие зборчињава, ти?
Не. Секој термин или фраза е испратен од корисници, анонимно.
Како анонимно? Дали IP адресата ми е некаде сочувана?
Анонимно. Жаргон не чува никакви податоци кој и од каде испраќа термин или фраза.
Океј, еве испратив моја дефиниција. Каде е?
Ако не е лична навреда упатена кон лице кое е не е дел од јавниот живот или збор составен од случајно искуцани букви, ќе биде одобрена за кратко. Нема некои стрикни правила.
Сакаш да кажеш дека "фсдфасдас" не е збор? Но, во моето село тоа означува личност која има проблем со користење на тастатура!
...
Длабоко сум навреден од содржината што ја гледам тука.
Не биди толку нежен. Жаргон е сепак сајт од забавен карактер и нема намера да навреди никого.
Зошто некои термини ги има повеќе пати?
Еден термин може да има различни дефиниции. Сортирани се по бројот на гласови од корисниците. Ако корисникот смета дека тоа е најрелевантна дефиниција, може да гласа со палче нагоре.
Сакам да предложам измени на дефиниција и/или пример.
Во моменталната верзија на Жаргон не постои таква опција. Но, не е исклучена можноста да биде додадена во иднина. Како?
А, ако сакам да предложам нешто во врска со самиот сајт, да дадам конструктивна критика, да опцујам или да тужам?
Испрати мејл на zargonmk на gmail.