Испрати ново Најнови Популарни ЧПП

Партијче

Млад машки лик кој за време на избори од „идеолошки“ убедувања, за сок, сендвич и 300 денари дневница оди и лепи плакати на „неговата“ партија, а ги кине на конкурентската партија. За време на митинзи добива плус и капче, запалка и 500 денари дневница и „ноќница“. После 2 циклуси локални и парламентарни избори добива вработување на паркинг. Тука се замислува дека е битен лик ко Путин за светска политика и малтретира се живо и диво. Легендата вели дека снаодливи партијчиња во ист изборен циклус лепеле плакати за две конкурентски партии одеднаш, оделе на митинзи и кај едни и кај други... опасни ликови кои многу често не еволуираат во својот развој.

- Извини баџо, знам дека си у право...знам, знам дека си стечаец уште од на Бранко времето, ама не можам да те убутам кај нас на паркинг за работа. Јеби га, имам куп партијчиња за примање. Работеа децата, тоа ти е.

4

Случајни записи:

Спичка(в)

Гане

Цепидлачење